Sharini Parfums Naturels - Луксузни парфеми во склад со природата

 

Здраво драги мои,

која е првата асоцијација која ви доаѓа во глава доколку го споменам терминот луксузен парфем? Сигурно многу од вас помислуваат на разни парфеми од познати креатори, или на некои комерцијални марки. Сметам дека со текот на времето зборот “луксузно“ го изгуби или поточно речено промени своето значење. Она што некогаш се сметало за луксузно било екстравагантно и рафинирано, најчесто ретко за наоѓање и се произведувало во многу мали количини. Денес под терминот луксузно се подразбира производ кој најчесто е поврзан со некое големо име, иако станува збор за масовен и многу често комерцијален производ наменет за голема потрошувачка.


Во ерата на големата побарувачка на одредени производи (помеѓу кои спаѓа и парфемот) опкружени сме со синтетички мириси кои ги затрупуваат и мамат нашите сетила, и кои како такви не може да се најдат во природата. Меѓутоа токму во ерата кога технологијата оди напред и животот секојдневно станува сѐ похаотичен, сѐ повеќе и повеќе се навраќаме наназад и ги цениме едноставните работи кои се во склад со природата и доаѓаат директно од неа. Една од тие работи се и парфемите на француската марка Sharini.


Парфемите Sharini не претставуваат само миризлива течност затворена во шишенце, во нив се крие дел од душата на нивниот креатор Николас кој секој парфем посебно рачно го изработува по стари методи и комплетно без никакви синтетички состојки или хемикалии. Употребува исклучиво органски етерични масла од кои дел сам ги изработува , а дел ги зема директно од производителите.
 
 

Во неговата работилница во јужна Франција секојдневно експериментирал со комбинации на билките сѐ додека не ја добил перфектната комбинација за неговите парфеми со 8 мирисни ноти.
 

Ќе се обидам да ви ги претставам секој од нив поединечно започнувајќи со оние кои според мене се “летни парфеми“, односно полесни и идеални за овој топол период.

1. Rose Blanche 
 


Ова е дефинитивно мојот омилен парфем и толку ми се допаѓа што детално може да ви го опишам. Има преубав мирис на роза и е еден од наједноставно направените парфеми (а мене токму ваквите најмногу ми се допаѓаат). Многу е сензуален, одличен за овој летен период затоа што е траен меѓутоа доста свеж. Мене розата отсекогаш ми претставувала симбол на нежност меѓутоа и сила, едноставно е неодолив. Исклучително женски мирис.


INCI : Alcohol**, Rosa Damascena flower water*, Parfum*

Limonene°, Linalool°, Geraniol°, Benzyl Benzoate°, Farnesol°, Citral°, Benzyl Alcohol°, Geraniol°, Benzyl Salicylate°, Isoeugenol°, Citronellol°, Eugenol°

2. Iris véritable 
 
 
За едно шишенце Iris véritable употребени се: ирис (сушен во рок од три години), 120 пупки од роза, 400 внимателно избрани цветови на јасмин, органски алкохол од пченка, органска вода од цвет на портокал, уникатен микс на етерични масла. Ова ми е вториот омилен мирис од оваа марка кој навистина лично многу ми се допадна. Има доста топол мирис на Ирис кој јас лично го обожавам. Доста е траен и дава чувствo на свежина, така да и овој е идеален за летото. 
 
3. Lotus paradis
 

INCI:Tricitum Aestivum* (Alcool de Blé/Corn Alcohol), Nelumbo Nucifera Distillate (Recolte sauvage de'Eau florale de Lotus/Wild-harvested Lotus flower water), Citrus Aurantium Distillate* (Eau Florale de fleur d'Oranger/Orange blossom water), Cedrus Atlantica* (Bois de Cèdre/Cedarwood), Hibiscus Abelmoschus* (Grains d'Ambrette Musc/Musk Ambrette Seeds), Santalum Austrocaledonicum (Bois de Santal, Sandalwood), Vetiveria Zizanioides* (Vétiver/Vetiver), Vanilla Planifolia* (Vanille/Vanilla) Polianthes Tuberosa (Turbereuse extrait par l'enfleurage/Tuberose flower enfleurage extract) Citrus Bergamia* (Bergamote/Bergamot), Citrus Paradisi* (Pamplemousse/Grapefruit), Cananga Odorata* (Ylang Ylang), Zingiber officinale* (Gingembre/Ginger), Geraniol*, Linyl Acetate*, Linalool*

 
Овој парфем е единствен кој е добиен со метод на екстракција на билките користен пред 120 години. Всушност станува збор за Енфлораж (Enfleurage) која вклучува користење на стаклени шасии врз кои има нанесено тенок слој на маст. Традиционално се користела животинска маст, но Николас користи растителна маст. Есенциите од цветовите се апсорбираат во маста, а цветните листови  постојано се заменуваат со свежи. Нежните есенцијални масла се соединуваат со растителната маст, која потоа се собира и со помош на алкохол етеричното масло се двои. Откако ќе испари алкохолот, она што останува, се нарекува апсолут. Овој макотрпен процес одзема многу време, но долг период бил единствениот начин како да се направи екстракција на деликанти цветови како што е јасминот.

4. Rêve Polynésien
 

На овој парфем Николас работел цели 4 години, со цел да создаде единствен и оригинален парфем со егзотичен мирис. Доминира нота на егзотичен цвет во комбинација со ванила и и сандал. Kако мирис одличен е за летниов периос и навистина е доста траен. 

INCI:Tricitum Aestivum* (Alcool de Blé/Corn Alcohol), Rosa Damascena Distillate* (Eau florale de Rose de Damas/Rose flower water), Cedrus Atlantica* (Bois de Cèdre/Cedarwood), Santalum Austrocaledonicum (Bois de Santal, Sandalwood), Coco Nucifera* (Noix de Coco/Coconut), Vanilla Tahitinis (Vanille de Tahiti/ Tahitian Vanilla), Gardenia Jasminoides (Gardénia extrait par l'enfleurage/Gardenia flower enfleurage extract), Citrus reticulata* (Mandarine), Citrus Paradisi* (Pamplemousse/Grapefruit), Cananga Odorata* (Ylang Ylang), Cinnamomum Zeylanicum*(Cannelle/Cinnamon), Geraniol*, Linyl Acetate*, Linalool*

5. Musc d'hibiscus
 

INCI :Tricitum Aestivum* (Alcool de Blé/Corn Alcohol), Rosa Damascena Distillate* (Eau florale de Rose de Damas/Rose flower water), Styrax Tonkinensis* (Benjoin/Benzoin), Hibiscus Abelmoschus* (Grains d'Ambrette/Ambrette Seeds), Jasminum Sambac (extrait co2 de Jasmin/Jasmine co2 extract), Cedrus Atlantica* (Bois de Cèdre/Cedarwood), Santalum Spicatum* (Bois de Santal, Sandalwood), Citrus Bergamia FCF* (Bergamote/Bergamot), Citrus Paradisi* (Pamplemousse/Grapefruit), Pelargonium Graveolens* (Géranium Rosa/Rose Geranium), Canaga Oderata* (Ylang Ylang), Elettaria Cardamomun* (Cardamome/Cardamom)

Limonene°, Linalool°, Geraniol°, Benzyl Benzoate°, Farnesol°, Citral°, Benzyl Alcohol°, Geraniol°, Benzyl Salicylate°, Isoeugenol°, Citronellol°, Eugenol°

Во овој парфем употребени се 4000 органски семиња од хибискус, 350 внимателно избрани цветови на јасмин, органски австралиски сандал, органски алкохол од пченка, органска ружина вода и микс од разни органски етерични масла. Има навистина топол мирис кој според мене е за поладниот период бидејќи потсетува на празник. Овој според мене е исклучиво женски парфем

6. Jasmin céleste
 
 
INCI :Tricitum Aestivum* (Alcool de Blé/Corn Alcohol), Citrus Aurantium Distillate* (Eau Florale de fleur d'Oranger/Orange blossom water), Styrax Tonkinensis* (Benjoin/Benzoin), Jasminum Sambac (Jasmin extrait co2/Jasmine co2 extract), Cedrus Atlantica* (Bois de Cèdre/Cedarwood), Citrus Paradisi* (Pamplemousse/Grapefruit), Citrus Sinensis* (Orange Sanguine/Blood Orange), Canaga Oderata* (Ylang Ylang), Myocarpus Fastigiatus (Cabreuva), Hibiscus Abelmoschus* (Grains d'Ambrette/Ambrette Seeds), Citrus Aurantium* (Néroli/Neroli), Citrus Aurantium* (Petitgrain), Rosa Odorata (Rose), Pelargonium Graveolens* (Géranium Rosa/Rose Geranium)
 
Limonene°, Linalool°, Geraniol°, Benzyl Benzoate°, Farnesol°, Citral°, Benzyl Alcohol°, Geraniol°, Benzyl Salicylate°, Isoeugenol°, Citronellol°, Eugenol° 
 
За едни шишенце употребени се: 600 внимателно избрани цветови од јасмин, 300 петали од роза, 120 цветови од портокал, органски алкохол од пченка, органска вода од цветови на портокал, уникатен микс на разни етерични масла . Овој парфем има нежен меѓутоа многу траен мирис на Јасмин и е навистина многу сензуален.
 
7. Ambre Essentiel

 

INCI :Tricitum Aestivum* (Alcool de Blé/Corn Alcohol), Rosa Damascena Distillate* (Eau florale de Rose de Damas/Rose flower water), Styrax Tonkinensis* (Benjoin/Benzoin), Cedrus Atlantica* (Bois de Cèdre/Cedarwood), Citrus Bergamia FCF* (Bergamote/Bergamot), Vanilla Planifolia* (Vanille/Vanilla), Rosa Odorata (Rose), Citrus Reticulata* (Mandarin/Mandarine), Santalum Spicatum* (Bois de Santal, Sandalwood), Cistus Ladaniferus (Labdanum), Pogostemom Cablin* (Patchouli), Hibiscus Abelmoschus* (Grains d'Ambrette/Ambrette Seeds), Cymbopogon Martinii* (Palmarosa), Salvia Sclarea L* (Sauge sclarée/Clary Sage), Elettaria Cardamomun* (Cardamome/Cardamom)
Limonene°, Linalool°, Geraniol°, Benzyl Benzoate°, Farnesol°, Citral°, Benzyl Alcohol°, Geraniol°, Benzyl Salicylate°, Isoeugenol°, Citronellol°, Eugenol°

Парфем во кој се употребени органски екстракт од ванила, 300 внимателно избрани цветови од роза, австралијански органски сандал, органски алкохол од пченка, органска ружина вода и микс на органски етерични масла. Има ориентален мирис и погоден е како за мажи така и за жени.
 
8. Santal Blanc
 
 
Зимски мирис со исклучително топла нота на Бел сандал и етерично масло од иланг иланг. Доста е траен, меѓутоа е тежок за овој летен периос, така да би го ставила помеѓу оние зимски парфеми. 
 
INCI : Alcohol**, Rosa Damascena flower water*, Parfum*
 
Limonene°, Linalool°, Geraniol°, Benzyl Benzoate°, Farnesol°, Citral°, Benzyl Alcohol°, Geraniol°, Benzyl Salicylate°, Isoeugenol°, Citronellol°, Eugenol°


Николас произведува многу малку парфеми годишно кои се продаваат само екслкузивно кај одредени застапувачи. Неговата цел не е масовен маркетиншки производ, туку малку меѓутоа одлично направени и со големо внимание. Капачето на секое од шишенцата кои ги видовте се рачно изработени од природно дрво. Мора да напоменам дека парфемите се сертифицирани како органски од страна на сертификарот Eco Cert под кој стои назнаката Organic Cosmetic што значи дека производот во целина е сертифициран како таков.

Драги мои, се надевам дека и оваа статија ви се допадна.
Дали досега имате пробано некој од овие природни парфеми и кој најмногу ви се допаднал?

Парфемите се достапни во БиоХабит на следниот линк http://www.biohabit.mk/products.jsp?brandId=2


Вашите коментари се добредојдени под самиот текст.
Ве гушкам.
Вики

Оригиналниот текст е превземен од 
БИОДЕВОЈКА

Новости

BioHabit @ HFW Expo 2016

Парфемите Sharini не претставуваат само миризлива течност затворена во шишенце, во нив се крие дел од душата на нивниот креатор Николас кој секој парфем посебно рачно го изработува по стари методи и комплетно без никакви синтетички состојки или хемикалии.

Sharini Parfums Naturels - Луксузни парфеми во склад со природата

Парфемите Sharini не претставуваат само миризлива течност затворена во шишенце, во нив се крие дел од душата на нивниот креатор Николас кој секој парфем посебно рачно го изработува по стари методи и комплетно без никакви синтетички состојки или хемикалии.

Биодевојка рецензија на Phyts Organic Makeup кармини и ајлаjнер

Парфемите Sharini не претставуваат само миризлива течност затворена во шишенце, во нив се крие дел од душата на нивниот креатор Николас кој секој парфем посебно рачно го изработува по стари методи и комплетно без никакви синтетички состојки или хемикалии.

Др. Верче Тодоровска: Хиперпигментација и избелување на кожата

Парфемите Sharini не претставуваат само миризлива течност затворена во шишенце, во нив се крие дел од душата на нивниот креатор Николас кој секој парфем посебно рачно го изработува по стари методи и комплетно без никакви синтетички состојки или хемикалии.