Биодевојка проба за Вас: Органски дезодоранс и рол он на Gamarde

 

Здраво драги мои

На пазарот се нудат голем број на деодоранси кои прекрасно мирисаат, го регулираат потењето и имаат антиперспирант ефект, меѓутоа колку истите се сигурни за нашата кожа, а пред се нашето здравје? Поголем број од нив содржат штетни состојки кои се опасни за нашето здравје и тоа:


1. Алуминиум
оваа состојка се користи како антиперспирант, меѓутоа проблемот е во тоа што оваа состојка организмот не може да ја преработи, ниту пак да ја исфрли, и се насобира, односно се акумулира во нашиот организам. Се смета дека алуминиумот е една од состојките која предизвикува рак на дојката кај 1 од 10 жени. 

2. Парабени
според некои испитувања, овие вештачки конзерванси, апсорбирани по надворешен пат (преку кожата), во организмот прават ефекти слични на оние на естрогените хормони, и имаат огромно влијание врз целокупниот хормонален баланс. 

3. Пропилен гликол (Propylene Glycol)
според некои научници оваа состојка (доколку често се користи), може да предизвика штета на централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите.  

4. Триклосан (Triclosan)
оваа состојка е класифицирана како пестицид и претставува голем ризик за човековото здравје и околината. Се смета дека предизвикува рак.  

Со оглед на тоа што деодорансите ги нанесуваме на еден многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, од основна важност е да одбереме добар и природен деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.


Голем број на луѓе бираат антиперспиранти, односно деодоранси кои имаат за цел да го спречат потењето, мислејќи дека на тој начин се позаштитени и ослободени од непријатни мириси. Главна состојка на антиперспирантите е алуминиумот. Би сакала да цитирам еден од најпознатите италијански хемичари Фабрицио Заго, кој лично многу го почитувам, кој за алуминиумот вели: “ Механизмот на антиперпирантите е всушност присуството на алуминиумот во нив кој делува врз повлекување или контракција на мазниот мускул во пределот под пазувите“. Ете зошто се контролира потењето и мислам дека ова објаснува се. 

Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. Како замена за алуминиумот во голем број на добро формулирани органски и природни деодоранси како база ќе најдете сода бикарбона или триетил цитрат (triethyl citrate), кои заедно во комбинација со останатите внимателно избрани состојки овозможува потење, меѓутоа го неутрализира лошиот мирис под пазувите.

Затоа во денешнава статија пробав за вас, сакам да ви предложам два прекрасни органски и природни  деодоранси и рол он на Gamarde, кои ги разгледав и истестирав навистина добро со цел да ви кажам каков е составот, какво дејство имаат на кожата и колку се ефикасни во текот на целиот ден особено при високи температури и кога многу се потиме, а сепак сакаме да останеме свежи и заштитени на сигурен начин.

Како и за сите производи, ајде да ја разгледаме декларацијата на двата видови на деодоранси посебно и да се увериме каков е составот и како делува врз кожата, особено врз процесот на потење.
 
 
Gamarde рол он флорал:
 
Aqua, Alcohol*, Propanediol, Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Extract*, Triethyl Citrate, Gamarde Aqua (Agua de Gamarde), Glyceryl Caprylate, Parfum, Malva Sylvestris (Malva) Flower Extract*, Xanthan Gum, Citric Acid, Citronellol, Eugenol, Limonene, Linalool.

*Ingrédient d'origine biologique
 
Како што може да забележите од самата декларација станува збор за еден  рол он без алуминиум, кој како база има триетил цитрат (triethyl citrate). Од редоследот на состојките може да заклучиме (а јас и да ви потврдам со оглед на тоа што го користам), дека овој деодоранс рол он не го спречува потењето, а сепак го неутрализира лошиот мирис под пазувите. Потењето е многу природен процес и не треба да биде спречен, затоа што преку потењето се исфрлаат токсините од телото (а ако ме прашате мене, подобро е токсините да бидат надвор отколку внатре во телото).
 

Овој рол он го користев цел месец наизменично со деодорансот во спреј од лаванда и лимон, и можам да ви кажам дека одлично си ја врши својата работа: ви дозволува да се потите, а сепак да останете свежи без непријатни мириси. Тоа е и целта на еден добар производ за оваа намена. Овој кој јас го користев има нежен цветен мирис, не многу нападен, и тоа премногу ми се допадна. Сепак има луѓе кои не поднесуваат јаки мириси, така да овој производ ќе ги задоволи скоро сите вкусови.

Како и сите производи на Gamarde и овој содржи термална вода од изворот на Gamarde која на некој начин ја намалува можноста за иритации на кожата (која и те како е добредојдена особено кога станува збор за една деликатна зона како пазувите), а во комбинација со гелот од алое вера верувајте ми дека овој деодоранс е вистинско бинго за чувствителна кожа. Друга многу важна работа е фактот што не остава траги на облеката. Постои и варијанта со зелен чај кој има малку машки мирис и одличен е за посилниот пол.

Што се однесува до трајноста, и со оглед на тоа што сите сме различни и се потиме на различен начин, слободно нанесете го овој деодоранс онолку пати колку што ќе почувствувате потреба. Сепак станува збор за квалитетен и сигурен производ.
 
 
 

Gamarde деодоранс спреј со лаванда и лимон

Aqua Gamarde (Gamarde Water), nitrogen, Alcool naturel (Alcohol)*, Glycerin vegetal, Lavandula Hybrida* (Lavendin Oil), Citrus Medica Limonum* (Lemon Peel Oil), Caprylyl capryl glucoside, Citrus Amara* (Bitter Orange Leaf Oil), coumarin, geraniol, citral, limonene, linalool.

*Ingrédient d'origine biologique

Како и претходниот и овде секако нема присуство на алуминиум (инаку не би ви го ни рецензирала). Јас лично овој деодоранс го обожавам поради прекрасниот мирис на лаванда и лимон кој му дава многу освежителна нота. Што се однесува до перформансот и ефикасноста, ист е како верзијата рол он, само што е попрактичен за оние кои сакаат производи на испрскување наместо рол он. Идеален за оние кои редовно практикуваат спорт или пак за оние кои секогаш се во трчање и имаат милион обврски во текот на денот, а сакаат да останат свежи.

Мора да напоменам дека и двата деодоранси воопшто не содржат парабени.
 


Цената на деодорансот рол он е 775 денари, а на деодорансот спреј 615 денари и истите може да ги најдете во BioHabit Online Shop - www.biohabit.mk

Би сакала само да ве потсетам на златното правило дека сепак ниеден деодоранс (колку и да е природен) не треба да се нанесе под пазувите веднаш после депилација или бричење. 

Без разлика на тоа дали сакате производи рол он или пак на испрскување, топло ви советувам да пробате барем еден од овие два производи на Gamarde, за да се уверите и самите во ефикасноста и природниот состав на истите. 


Вики

Оригиналниот текст е превземен од 
БИОДЕВОЈКА

Новости

Др. Битољану: Подигање на свеста за одржување на машкото здравје

Деодорансите ги нанесуваме на многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, затоа е важно да одбереме деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.

BioHabit @ HFW Expo 2016

Деодорансите ги нанесуваме на многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, затоа е важно да одбереме деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.

Organic Cosmetics Bazaar @ BioHabit Shop

Деодорансите ги нанесуваме на многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, затоа е важно да одбереме деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.

Едукација и советување

Деодорансите ги нанесуваме на многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, затоа е важно да одбереме деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.