Биодевојка рецензија на Phyts Organic Makeup кармини и ајлаjнер

ЛЕТНА ШМИНКА СО ОРГАНСКАТА ДЕКОРАТИВА PHYT'S


Здраво драги мои,

шминката е одраз на секоја девојка и жена и преку неа (во склад и со настанот или пригодата) го изразуваме не само личниот стил туку и моменталното расположение. Во денешнава статија би сакала да рецензирам два производи на франциската марка за природна и органска шминка Phyt's и да ви предложам два производи кои мене лично многу ми се допаднаа и кои се база на шминката на повеќето од нас, односно ајлајнерот и карминот.



За оваа марка имам говорено во една претходна статија кога ја рецензирав крем пудрата, така да доколку сакате да дознаете повеќе информации за самиот бренд ви советувам да ја прочитате. Како и да е станува збор за природна и органска козметика која е во склад со она што јас го работам и се залагам (инаку не би ја би рецензирала секако). Во продолжение ќе ги разгледаме декларацијата и состојките на секој од производите посебно, и секако ќе ви покажам слики од апликацијата и ефектот кај мене.



1. Ајлајнер (eyeliner)

Ајлајнерот за мене претставува безверменско “парче шминка“ (ако може така да го наречам) или поточно кажано шминка која одговара на секое годишно време и скоро секоја пригода. Може да се носи за преку ден со малку маскара и за навечер со поинтензивен кармин за погламурозен изглед. Многу е тешко да се најде добар ајлајнер кој прецизно ќе исцртува, има убава интензивна црна боја и пред сѐ со убава декларација (како најважно нели). Токму и затоа штом најдам нешто во склад со мојот стандард знаете, вие сте првите кои дознаваат за тоа. Овој производ ја има следнава декларација:

Water, Sesame seed oil, alcohol, glycerin (vegetal), Castor seed oil, Oleic/Linoleic/ linolenic polysaccharides, Shellac, Acacia Senegal gum, hydrolysed rhizobian gum, Mica, Glyceryl Stearate, Sodium stearoyl glutamate, Vit E (natural – vegetal), citric acid, xanthan gum, Magnesium aluminium silicate, sodium benzoate, potassium sorbate, Cl 77499 and silica.

 


Има навистина многу едноставна формула која е убаво искомбинирана. По водата на прва позиција содржи масло од сусам, алкохол, глицерин и масло од рицинус. Исто така содржи и витамин Е кој има за цел да ги заштити маслата од предвремено ужегнување во самата формула. Содржи природни пигменти (во случајов црн), секако згуснувач и конзерванси (sodium benzoate, potassium sorbate). Magnesium aluminium silicate претставува еден вид на глина која најчесто се користи за да се добие гел структура но и како стабилизатор на емулзиите. Во случајов служи и за подобра суспензија на пигментот на самиот ајлајнер.

Има тенка и многу прецизна четкичка која прави тенка линија. Ова ми се допаѓа, бидејќи на почеток дава тенка линија, а кој сака може уште еднаш да ја повтори и да ја направи подебела. Убавото е во тоа што е многу прецизен. четкичката е доста цврста и не се мрда лево десно кога поминувате врз окото.  Еве слика само на ајлајнерот врз окото
 


Бојата е навистина прекрасна интензивно црна и мора да напоменам дека доста трае без да се размачка или избрише што е особено важно за производи од овој вид. Еве како изгледа нанесен со маскара и кармин за еден комплетен изглед (да напоменам дека маскарата и карминот се од друга марка).
 



2. Кармин

Мнгу девојки кога ме прашуваат за совети како да преминат кон органската шминка ми го поставуваат прашањето “ доколку не може да си дозволиме сѐ одеднаш да купиме, кои производи е важно први да се променат?“ Мојот одговор е секогаш ист: пудрата за лице и карминот. Секако најидеално би било доколку сѐ промените, меѓутоа постепено. Овие две се од основна важност затоа што: 

1. џабе ви се сите органски креми и серуми доколку ставате силиконска пудра;
2. карминот е еден од најважните декоративни производи и многу е важно што има во него со оглед на тоа што го нанесуваме на устата и во текот на животот “јадеме“ поголем дел од него.

Повеќе информации околу правилниот избор на органски кармини и што треба да содржат може да најдете во статијата Бакни ме органски...мал водич при изборот на добар кармин

За да ја извршува својата функција, карминот во својот состав треба да содржи:

- комбинација на масла кои може да бидат природни или синтетички;
- масни густи состојки кои може да бидат разни путери (шеа, какао, манго) или ланолин;
- восок кој може да биде од растително (каруба) или животинско потекло (пчелин восок); 
- боја која може да биде пигмент од природно или синтетичко потекло
- антиоксиданси 
- конзерванси.

Карминот од марката  Phyt's ја има следнава декларација
 


Ricinus communis (Castor) seed oil*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Cera alba*/Beeswax, Euphorbia canifera (Candelilla) Wax, sorbitan olivate, C10-18 triglicerides, Copernicia cholera (Carnauba Wax)/, octyldodecanol, dicaprylyl carbonate, Corylus avellane (Hazel) seed oil*, tocopherol (Vegetal Vitamin E), parfum (Fragrance), CI 75470 (Carmine), CI 77492, CI 77891, silica, limonine*, linalcool*
*ingredient of Organic origin

Во овој производ може да забележите дека се користени само природни масла, комбинација на пчелин восок и восок од каруба, и нема воопшто ланолин (јас лично не го препорачувам). База на овој кармин е рицинусовото масло, кое се користи затоа што на карминот му даваат висок сјај кога ќе се нанесе на усните. Во комбинација со сончогледовото масло не само што даваат убава структура на производот, туку и ја негуваат кожата. Пчелиниот восок служи за да го зацврсне производот и да му даде одредена структура. Витаминот Е е антиоксиданс и додатно ја негува кожата и ги штити маслата од предвремено ужегнување.

Овој кармин има убава богата структура која е многу пријатна кога ќе се нанесе на усните. Воопшто не е тежок, а имате чувство дека не само што ги бои усните, туку истовремено и ги негува. Има навлажнувачко дејство и не ја суши устата и како производ не се суши врз усната туку останува мек и кремаст. Не е долготраен во смисла од типот на long lasting, иако доста долго трае како производ (сѐ додека не го тргнете вие самите или не се избрише при јадење).

Достапен е во следниве бои
 


Јас многу се мислев која боја да ја земам и најнапред сакав тоа да биде некоја многу интензивна, меѓутоа со оглед на тоа што скоро сите интензивни бои веќе ги имам дома од други марки, се одлучив да земем корална боја, односно Passion Mango (најгоре на сликата) токму затоа што е лето и на потемнет тен некако поубаво делува. Исто така ми се допаѓа со шминка каде очите се поизразени а усните побледи...Еве еден комплетен изглед и за овој производ
 

 


Драги мои, јас се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а вие доколку сте заинтересирани да ги пробате овие прозводи може да ги нарачате онлајн на Biohabit.mk или на нивната фејсбук страна.

Јас ве гушкам и се читаме наскоро со многу интересни содржини.
Поздрав
Вики

 

Оригиналниот текст е превземен од
БИОДЕВОЈКА

Новости

Биодевојка рецензија на Phyts Organic Makeup кармини и ајлаjнер

Шминката е одраз на секоја девојка и жена и преку неа го изразуваме не само личниот стил туку и моменталното расположение.

Sharini Parfums Naturels - Луксузни парфеми во склад со природата

Шминката е одраз на секоја девојка и жена и преку неа го изразуваме не само личниот стил туку и моменталното расположение.

Др. Верче Тодоровска: Хиперпигментација и избелување на кожата

Шминката е одраз на секоја девојка и жена и преку неа го изразуваме не само личниот стил туку и моменталното расположение.

Биодевојка проба за Вас: Органски дезодоранс и рол он на Gamarde

Шминката е одраз на секоја девојка и жена и преку неа го изразуваме не само личниот стил туку и моменталното расположение.