Нежен шампон за коса

Нега на коса
200 g туба

За секојдневна употреба за сите типови на коса.

Специјалната нежна формула без сулфати го прави овој шампон идеален за секојдневна употреба дури и за најчуствутелното теме. Нежната структура и благиот состав нежно го чисти темето на главата, го нормализира лачењето на себумот и ја остава косата неверојатно мека и чиста. БЕЗ АМОНИУМ/НАТРИУМ ЛАУРИЛ СУЛФАТ.

Начин на употреба:

На мокра коса нанесете мала количина од производот (најдобро разреден во малку вода) и со неа нежно масирајте го темето на главата и косата. Обилно измијте со млака вода.

Активни состојки од 100 % природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации,црвенило), Вода од Лаванда (смирува, регенерира), Етерично масло од Лаванда (омекнува), Етерично масло од Горчлив портокал (ревитализира и дава сјај), Етерично масло од Каранфилче (прочистува), Етерично масло од Смрека, Бор и Црна рибизла (антиинфламаторно).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Aqua (Water), Lavandula angustifolia (Lavender) flower water*, Sodium cocoamphoacetate, Caprylyl/capryl glucoside, glycerin, Lauryl glucoside, Cocamidopropyl betaine, Coco-glucoside, Glyceryl oleate, Sodium cocoyl glutamate, Sodium lauryl glucose carboxylate, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Lavandula latifolia (Lavender) herb oil*, Eugenia caryophyllus (Clove) bud oil*, Cupressus sempervirens (Cypress) oil*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Melaleuca viridiflora (Niaouli) leaf oil*, Juniperus communis (Juniper) fruit oil*, Pinus sylvestris (Pine) leaf oil*, Ribes nigrum (Black Currant) leaf extract*, Citric acid, Eugenol, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

10% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 675 MKD

Количина

БИОХАБИТ