Хранлив шампон за сува коса

Нега на коса
500 ml

За сува и оштетена коса.

Шампон со Багремов мед за сува коса со распукани врвови. Длабински ја негува и храни косата спречувајќи ја неестетската појава на распукани врвови. Специјалната формула со алое вера гел, шеа путер и багремов мед ја заштитува косата од ладното и маглата, правејќи ја косата помека, поздрава, посјајна и негувана.

Начин на употреба:

Мала количина од шампонот се нанесува на мокра коса, се прави блага масажа и убаво се одмива со млака вода.

Активни состојки од природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенило), Багремов Мед (омекнува и длабински ја хидрира косата), Шеа путер (длабински ја храни косата, регенерира), Алое вера (омекнува, мазни).

СОСТОЈКИ: Aqua (Water), Aloe barbadensis leaf extract*, Sodium lauryl sulfate, Gamarde aqua (Gamarde Water), Caprylyl/capryl glucoside, Cocamidopropyl betaine, Sodium chloride, Glycerin, Inulin, Mel* (Honey), Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Coco-glucoside, Glyceryl oleate, Caramel, Parfum (Fragrance), Potassium sorbate, Sodium benzoate, Citric acid.

* состојки од органско потекло

99% од состојките се од природно потекло

10% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1100 880 MKD

Количина

БИОХАБИТ