Лесен хидратантен флуид

Дехидрирана кожа
40 g туба

За дехидрирана, нормална до комбинирана кожа.

Лесната и немасна текстура обезбедува долготрајна хидратација и смирување на нормална до комбинирана чувствителна кожа во текот на целиот ден. Термалната вода од изворот Gamarde ги спречува црвенилата и иритациите на кожата, маслото од арган длабоко ја храни кожата, а хијалуронската киселина ја враќа еластичноста на самата кожа. Кожата е свежа и сјајна со зголемена хидратација +50% еден час по апликација.

Начин на употреба:

Се нанесува наутро и навечер на убаво исчистено лице, врат и деколте.

ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ

Зголемена хидратација +50% 1 час по апликација.

Тест извршен врз 10 жени.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенило), Масло од Арган (храни, антиоксидант), Хијалуронска киселина од природно потекло (ја задржува влагата, ја враќа еластичноста на кожата), Екстракт од Алое Вера (смирува, навлажнува), Силика (дава мат ефект), Екстракт од Авокадо (го регулира лачењето на себумот), Етерично масло од Палмароса (омекнува).

СОСТОЈКИ: Aqua (Water), Gamarde aqua (Gamarde Water), Aloe barbadensis leaf extract*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Parfum (Fragrance), Acacia decurrens/Jojoba/Sunflower seed wax/polyglyceryl-3 esters, Glycerin, Silica, Polyglyceryl-3-methylglucose distearate, Glyceryl stearate citrate, Xylitylglucoside, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Isostearyl avocadate, Anhydroxylitol, Olive oil decyl esters, Glyceryl caprylate, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Sodium hyaluronate, Tocopherol, Squalene, Xylitol, Xanthan gum, Citric acid, Citral, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

20% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1045 MKD

Количина

БИОХАБИТ