Богат хидратантен крем

Дехидрирана кожа
40 g туба

За сува, дехидрирана кожа.

Богат хидратантен крем специјално формулиран за да ги задоволи барањата на сувата, дехидрирана и чувствителна кожа. Термалната вода од изворот Gamarde ги спречува црвенилата и иритациите на кожата, маслото од арган длабоко ја храни кожата, а хијалуронската киселина ја враќа еластичноста на самата кожа. Еден час по употребата на овој крем се забележува зголемена хидратација +64%.

Начин на употреба:

Се нанесува наутро и навечер на убаво исчистено лице, врат и деколте.

ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ

Зголемена хидратација +64% еден час по апликација.

Тест извршен врз 10 жени.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации и црвенило), Масло од Арган (храни, моќен антиоксидант), Екстракт од Алое Вера (смирува, навлажнува), Хијалуронска киселина од природно потекло (ја задржува влагата, ја враќа еластичноста на кожата), Масло од Сончоглед и Лешник (храни и регенерира), Природен витамин Е (ја враќа еластичноста на кожата и делува против стареење), Етерично масло од Палмароса и Лаванда (омекнува, смирува).

СОСТОЈКИ: Aqua (Water), Gamarde aqua (Gamarde Water), Aloe barbadensis leaf extract*, Corylus avellana (Hazel) seed oil*, Glycerin, Polyglyceryl-6 distearate, Squalane, Parfum (Fragrance), Stearic acid, Acacia decurrens/Jojoba/Sunflower seed wax/polyglyceryl-3 esters, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Cetyl alcohol, Xylitylglucoside, Glyceryl stearate, Anhydroxylitol, Glyceryl stearate citrate, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Tocopherol, Sodium hyaluronate, Glyceryl caprylate, Microcrystalline cellulose, Cellulose, Xylitol, Xanthan gum, Cellulose gum, Citric acid, Citral, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

20% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1105 MKD

Количина

БИОХАБИТ