Хидратантно млеко за тело

Дехидрирана кожа
200 g туба

За дехидрирана, проблематична кожа.

Високата хидратантна моќ на ова млеко одлично ја навлажнува дури и најчувствителната сува кожа, оставајќи ја мека и мазна. Лесната и немасна структура овозможува брзо впивање во кожата и не остава масни флеки на облеката. Единствената формула на термалната вода Gamarde и аргановото масло ја намалуваат можноста за иритации и црвенила на кожата.

Начин на употреба:

Нанесете го на телото со благи кружни движења по туширањето, или секогаш кога ќе почувствувате потреба.

ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ

Зголемена хидратација +68% 1 час по апликација. Тест извршен врз 10 жени.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенило), Масло од Арган (храни и има анти ејџ влијание), Хијалуронска киселина од природно потекл (ја задржува влагата, ја враќа еластичноста на кожата), Пчелин восок (храни и го заштитува хидролипидниот слој на кожата), Масло од Лешник (богат со незаситени масни киселини, храни), Етерично масло од Лаванда (омекнува).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Cetearyl alcohol, Lavandula angustifolia (Lavender) flower water*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Cetyl palmitate, glyceryl stearate, Cera alba* (Beeswax), Coco-glucoside, Glycerin, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, glyceryl caprylate, sodium hyaluronate, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, tocopherol, coconut alcohol, parfum (Fragrance), Xanthan gum, Citral, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

29% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1473 1178 MKD

Количина

БИОХАБИТ