Интензивен хранлив серум од арган

Сува кожа
30 ml флакон со пумпa

За сува, до многу сува кожа.

Природно богат со витамин Е, овој серум длабоко ја регенерира и обновува дури и најсувата кожа. Претставува богата концентрација на најактивните состојки природно присутни во аргановото масло, кои ја омекнуваат кожата, ги намалуваат црвенилата и чувството на пецкање кои најчесто се појавуваат како резултат на многу сувата кожа. Претставува одлична заштита од студот.

Начин на употреба:

Нанесете мала количина од серумот, наутро и навечер на убаво исчистено ги лицето и вратот, оставете да се впие во кожата, а потоа нанесете интезивен хранлив крем за сува кожа или крем кој одговара на вашиот тип на кожа.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Масло од Арган (храни и дава анти ејџ ефект), Природен витамин Е (подмладува, храни), Етерично масло од Лаванда (омекнува и прочистува).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Polyglyceryl-3 polyricinoleate, Cera alba* (Beeswax), Hydrogenated castor oil, Kaolin, Parfum (Fragrance), Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Tocopherol, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Benzyl benzoate, Citral, Citronellol, Coumarin, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

98% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 2060 MKD

Количина

БИОХАБИТ