Интензивен хранлив стик за усни

Сува кожа
3,8 g стик

За суви и испукани усни.

Богатата хранлива формула која ја негува и омекнува кожата на усните и го спречува нејзиното сушење и испукување во ладните денови. Богат е со антиоксиданси кои интензивно ја хранат кожата, кокосово масло кое негува и дава фантастичен мирис на производот, шеа путер кој интензивно омекнува и арганово масло кое храни.

Начин на употреба:

Се нанесува на усните секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.

СОВЕТ ПЛУС: Доколку сакате вашиот кармин да има интензивен сјај, нанесете прво од балсамот, а потоа ставете го омилениот кармин за уста.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Масло од Арган, Масло од Сусам, растителен коктел од Омега 3,6 и 9 масни киселини (храни, антиоксиадант), Шеа путер (интензивно негува и храни), Масло од Кокос (омекнува и храни), Природен витамин Е (антиоксидант, против стареење).

СОСТОЈКИ: Elaeis guineensis (Palm) oil*, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, Candelilla cera (Candelilla Wax), Cera alba* (Beeswax), Cera carnauba* (Carnauba Wax), Oleic/linoleic/linolenic polyglycerides, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Cocos nucifera (Coconut) oil*, Tocopherol, Parfum (Fragrance).

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

87% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 385 308 MKD

Количина

БИОХАБИТ