Млеко за чистење лице

Хигиена
200 g туба

За чуствителна и сува кожа.

Богато млеко за отстранување на шминка и нечистотии наменето за сува кожа. Помага во отстранувањето и на најотпорната шминка, а притоа го почитува природниот заштитен филм на кожата. По употреба кожата ја остава мека, перфектно чиста и свиленкаста со чувство на свежина.

Начин на употреба:

Наутро и навечер на навлажнето лице, врат и деколте, нанесете мала количина од млекото и нежно распоредете го со прстите со благи кружни движења. Со памукче нежно поминете го лицето за да ја отстраните шминката. Обилно измијте со млака вода.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации и црвенило), Масло од Арган (храни, антиоксидант), Масло од Лешник (богато со незаситени масни киселини-90%), Природен витамин Е(омекнува и заштитува од слободните радикали), Етерично масло Палмароса (омекнува), Етерично масло од Сладок Портокал (омекнува и релаксира).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde water), Elaeis guineensis (Palm) oil*, Corylus avellana (Hazel) seed oil*, Cetearyl alcohol, Parfum (fragrance), Coco-glucoside, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Glycerin (vegetal), Cetearyl glucoside, Cera alba* (Beeswax), Glyceryl caprylate, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Citrus aurantium dulcis (Orange) peel oil*, Xanthan gum, Citric acid and naturally occurring ingredients in essential oils: Benzyl benzoate, Citral, Citronellol, Coumarin, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

31% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 983 786 MKD

Количина

БИОХАБИТ