Ноќен серум

Зрела кожа
30 ml флакон со пумпa

Против стареење.

Богат со активни состоки со антиоксидантно и обновувачко дејство врз кожата, ноќниот серум има тројно дејство: длабоко ја храни кожата и ја враќа нејзината еластичност, има огромна моќ против стареење и ги измазнува брчките и ја спречува појавата на нови. Брчките се видливо намалени, кожата е мека, а обликот на лицето е извајан.

Начин на употреба:

Нанесете мала количина од серумот навечер на убаво исчистено лице и врат. За подобри резултати користете го во комбинација со Дневен и Ноќен крем против стареење или Phyronagre крем за кожа во менопауза.

ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ

Намалени брчки во длабочина: - 31%

Намалени брчки во должина: - 37%

Намалени брчки: - 24%

Тестирањето е извршено врз 20 жени во период од 28 дена со апликација еднаш дневно.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Масло од Арган (моќен антиоксидант богат со Омега 6 масни киселини), Масло од Пченични никулци (богато со витамин Е, ја враќа еластичноста на кожата), Етерично масло од Рузмарин (обновува), Природен витамин Е (ги штити клетките од слободните радикали и ја намалува појавата на брчките).

СОСТОЈКИ: Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Corylus avellana (Hazel) seed oil*, Triticum vulgare (Wheat) germ oil, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Ricinus communis (Castor) seed oil*, Rosmarinus officinalis (Rosemary) leaf oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Thymus vulgaris (Thyme) flower/leaf oil*, Cupressus sempervirens (Cypress) oil*, Tocopherol, Citral, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

96% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 2210 MKD

Количина

БИОХАБИТ