Phytonagre дневен и ноќен крем

Зрела кожа
40 g туба

За зрела кожа во менопауза.

Крем богат со масло од Боражина и Ноќниче кои помагаат во производството на естроген, кој стимулира формирање на колаген. Колагенот е заслужен за мекоста и еластичноста на кожата, кој за време на менопаузата се губи дури до 30% (поради што кожата станува сува, чеша, иритирана и со честа појава на црвенило). Со секојдневна употреба на Phytonagre, кожата е заштитена, видно нахранета и обновена.

Начин на употреба:

Се нанесува наутро и навечер на убаво исчистена кожа. За подобри резултати користете ја во комбинација со ноќниот серумот против стареење.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации и црвенило), Масло од Сончоглед (богато со омега 6 масни киселини и витамин Е, негува, храни), Масло од Боражина (ја омекнува кожата и го спречува стареење), Масло од жолто Ноќниче (ја прави кожата еластична и се бори против исушување), Етерично масло од Палмароза (стимулира, подмладува и потикнува активност на клетките).

СОСТОЈКИ: Aqua (Water), Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Elaeis guineensis (Palm) oil*, Cetearyl alcohol, Oenothera biennis (Evening Primerose) oil*, cetearyl glucoside, Borago officinalis (Borage) seed oil*, Gamarde aqua (Gamarde Water), Vanilla planifolia (Vanilla) fruit extract*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Glycine soja (Soybean) oil*, Tocopherol, Juniperus virginiana oil, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Salvia officinalis (Sage) oil*, Elettaria cardamomum (Cardamom) seed oil*, Phenethyl alcohol, Citric acid, Citral, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

35% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1964 MKD

Количина

БИОХАБИТ