Пенлива вода за миење и прочистување

Масна кожа
200 ml стаклено шише со пумпица

За масна кожа и кожа со неправилности.

Нежно ја чисти и освежува кожата на лицето, почитувајќи го хидролипидниот слој на кожата. Го отстранува вишокот на себум и ја прочистува кожата без да го оштети хидролипидниот слој, враќајќи и го блескавиот и убав тен.

Начин на употреба:

Се употребува наутро и навечер. Нанесете од пенливата вода навлажнувајќи го лицето, вратот и деколтето. Направете пена, а потоа убаво исплакнете со млака вода. Исушете го без триење, а за подобри резултати нанесете и Sebo-control флуид за баланс.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенило), Екстракт од Боровница (ги затвара порите и ја тонира кожата), Етерично масло од Гераниум (прочистува и омекнува).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Cocamidopropyl betaine, Vaccinium myrtillus (Bilberry) fruit extract*, Rubia tinctorum (Madder) root extract, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Citronellol, Geraniol.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

10% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 921 737 MKD

Количина

БИОХАБИТ