Маска за прочистување и осветлување

Масна кожа
40 g туба

За комбинирана и масна кожа.

Ова маска ја прочистува и навлажнува кожата, истовремено балансирајќи го вишокот на себум. Ги затвара проширените пори на лицето и ги отстранува нечистотиите од кожата.

Начин на употреба:

Нанесете мал слој од маската на претходно измиено лице со Sebo-control пенливата вода и оставите да делува 10 минути. Обилно измијте со млака вода и нанесете го Sebo-control флуидот за баланс. Се користи 1 до 2 пати во неделата.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенила), Масло од Арган (моќен антиоксиданс), Бела глина (го апсорбира вишокот на себум), Масло од Сончоглед и Палма (регенерира и храни), Етерично масло од Камфор (прочистува и освежува), Етерично масло од Тимјан (прочистува), Етерично масло од Питомо Нане (прочистува, астригент).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Kaolin, Mentha piperita (Peppermint) leaf water*, Elaeis guineensis (Palm) oil*, Cetearyl alcohol, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Cetearyl glucoside, Camphor, Mentha piperita (Peppermint) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Thymus vulgaris (Thyme) flower/leaf oil*, Achillea millefolium (Yarrow) oil, Origanum vulgare (Wild Marjoram) oil*, Eugenia caryophyllus (Clove) bud oil*, Eugenol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

27% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1100 MKD

Количина

БИОХАБИТ