Eclat ноќен крем за избелување

Пигментирана кожа
40 g туба

За пигментирана кожа и кожа без сјај.

GWE® Gamarde избелувачкиот комплекс од растително потекло го прави ноќниот крем идеален за кожата без сјај и со темни дамки. Го продолжува дејството на дневниот крем во текот на ноќта кога кожата се буди и активно ги впива сите состојки од производот. Со секојдневна употреба, успешно ги избелува дамките, пегите на лицето, го подобрува целокупниот изглед на кожата и дава здрава боја и тен.

Начин на употреба:

Навечер, исчистете го лицето и вратот, нанесете со масирање мала количина од Eclat Серумот, а потоа нанесете Eclat Ноќен крем.

 

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенило), Масло од Арган (храни,антиоксидант), Масло од Зимзелена (претходник на салицилната киселина), Етерично масло од Целер и Босилек (го осветлува тенот), Масло од Морков (богато со витамин А), Ацерола (ги елиминира насобраните токсини, регенерира, богат антиоксиданс), GWE® (ги таргетира кафените дамки, осветлува).

СОСТОЈКИ: Aqua (Water), Coco-caprylate/caprate, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract*, Sucrose distearate, parfum (Fragrance), Glycerin, Sucrose stearate, Cetearyl alcohol, Gamarde aqua (Gamarde Water), Glycyrrhiza glabra (Licorice) root extract*, Glyceryl stearate citrate, Glycine soja (Soybean) oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Glyceryl caprylate, Malpighia punicifolia (Acerola) fruit extract*, Maltodextrin*, Tocopherol, Bisabolol, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Achillea millefolium (Yarrow) oil, Carum petroselinum (Parsley) seed oil, Cinnamomum camphora bark oil, Gaultheria procumbens (Wintergreen) leaf oil*, Daucus carota sativa (Carrot) seed oil, Apium graveolens (Celery) seed oil, Ocimum basilicum (Basil) oil*, Xanthan gum, Citric acid, Citral, Citronellol, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

23% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 2060 1648 MKD

Количина

БИОХАБИТ