Хидратантен балзам по бричење за мажи

Нега на мажи
75мл туба

За сите типови на кожа.

Немасен, освежувачки течен балсам за навлажување по бричење, го ублажува црвенилото од бричењето и ја подобрува кожата, благодарение на неговите активни состојки кои ублажуваат и имаат исцелително дејство. Неговото навлажнувачко дејство ја прави кожата еластична и мека.

Начин на употреба:

Нанесете наутро по бричење и навечер (без бричење) на лицето и вратот, нагласувајќи го пределот кој е иритиран. Нанесете го балсамот со кружни движења за да ја стимулирате и тонирате кожата.

ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ

Зголемена хидратација +31% 3 часа по апликацијата.

Тестирањето е извршено на 10 волонтери.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода Gamarde, Масло од Арган, Хијалуронска киселина (смирува, храни, хидрира, ја задржува влагата), Природен Ментол (освежува, ја смирува кожата по бричење), Естракт од Црн Ким, Екстракт од Алое Вера и Бисаболол (омекнува, хидрира, лечи, смирува), Масло од Чајно Дрво и Горчлив Портокал (прочистува, смирува), Екстракт од Гераниум (ја смирува надразнетата кожа), Екстракт од Женшен (стимулира, анти воспалително дејство), Природен витамин Е (обновува, штити).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Mentha piperita (Peppermint) leaf water*, Parfum (Fragrance), Glycerin, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, C14-22 alcohols, Nigella sativa seed oil*, Glyceryl stearate citrate, C12-20 Alkyl glucoside, Aloe ferox leaf extract, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Glyceryl caprylate, Xanthan gum, Panax ginseng (Ginseng) root extract*, Menthol*, Bisabolol, Melaleuca alternifolia (Tea Tree) leaf oil*, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Tocopherol, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Sodium hyaluronate, Citric acid, Citral, Citronellol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

21% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1412 1130 MKD

Количина

БИОХАБИТ