Флуид за масна кожа со неправилности за мажи

Нега на мажи
40 g туба

За масна кожа со неправилности

Флуид, специјално дизајниран за да ги задоволи потребите на машката кожа, нежно ја чисти и балансира масната кожа, намалувајќи ги неправилностите. Ги затвора проширените пори и ја матира кожата, додека истовремено ја храни и негува. По употребата кожата помалку свети, изгледа изедначено и е мека на допир.

Начин на употреба:

Наутро и навечер на исчистено лице нанесете од флуидот особено на проблематичните места опфатени со акни, комедони и проширени пори.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода од Gamarde (спречува иритации и црвенила), Масло од Арган (анитиоксидант), Масло од Сончоглед и Лешник (храни, негува), Екстракт од Женшен (стимулира), Етерично масло од Лимон, Рузмарин, Темјан, Лаванда, Чајно дрво, Чемпрес, Мајоран (чисти, антисептик, антивоспалително дејство, антимикотик).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Alcohol*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, C14-22 alcohols, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Corylus avellana (Hazel) seed oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Melaleuca alternifolia (Tea Tree) leaf oil*, Parfum (Fragrance), Panax ginseng (Ginseng) root extract*, Lavandula latifolia (Lavender) herb oil*, Thymus vulgaris (Thyme) flower/leaf oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Citrus medica limonum (Lemon) peel oil*, Rosmarinus officinalis (Rosemary) leaf oil*, Eugenia caryophyllus (Clove) bud oil*, Cupressus sempervirens (Cypress) oil*, Origanum majorana (Sweet Marjoram) flower oil*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Cinnamomum zeylanicum (Cinnamon) bark oil*, Boswellia carterii (Olibanum) resin extract, C12-20 alkyl glucoside, Sclerotium gum, Xanthan gum, Citric acid, Cinnamal, Citral, Citronellol, Eugenol, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

10% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1350 MKD

Количина

БИОХАБИТ