Крем против брчки за мажи

Нега на мажи
40 g туба

Крем против брчки наменета за мажи.

Ја хидрира и храни кожата, ја омекнува и ги намалува борите на лицето. Дава здрав и свеж изглед на машката кожа.

Начин на употреба:

Се нанесува наутро и навечер на убаво исчистено лице.

ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ **

- 32% намалени брчки во длабочина

- 22% намалени брчки во должина

- 19% намалени брчки (од целокупниот број)

** Tестот е извршен на 20 мажи волонтери помеѓу 45 и 70 години со апликација еднаш дневно во период од 28 дена.

Активни состојки од природно потекло:

Термална вода од Gamarde (смирува), Масло од Арган (природен антиоксидант), Хранлив коктел од масло од Сусам, Сончоглед, Коноп, Црн ким и Лешник (храни и омекнува), Екстракт од Женшен (ревитализира и стимулира), Шеа путер (храни и омекнува), Алое вера (смирува), Природен витамин Е (против стареење, антиоксиданс).

СОСТОЈКИ: Gamarde Aqua (Gamarde Water), Cetearyl alcohol, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Elaeis guineensis (Palm) oil*, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Cetearyl glucoside, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, Nigella sativa seed oil*, Cannabis sativa (Hemp) seed oil*, Aloe ferox leaf extract, Corylus avellana (Hazel) seed oil*, Panax ginseng (Ginseng) root extract*, Melaleuca alternifolia (Tea Tree) leaf oil*, Parfum (Fragrance), Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Tocopherol, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Benzyl alcohol, Citric acid, Citral, Citronellol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

99% од состојките се од природно потекло

19% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1965 MKD

Количина

БИОХАБИТ