Дерматолошки гел за миење

Нега на бебиња
400 ml флакон со пумпа

За новороденчиња, бебиња и деца.

Нежен дерматолошки гел за миење на кожатa и косата за новороденчиња, бебиња и деца. Природната формула ја штити детската кожа, ја храни и навлажнува почитувајќи ја физиолошката pH вредност. Ја спречува можноста од иритација и сушење на кожата благодарение на термалната вода од Gamarde во комбинација со цветната вода од лаванда. Ги остранува корупките (темениците) и спречува нивна појава.

Начин на употреба:

Нанесете мала количина од гелот на влажна кожа и коса на бебето/детето, правејќи пена, а потоа исплакнете. До 4 месеци од возраста на новороденчето мијте го секојдневно темето за да спречите појава на теменици (корупки).

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода од Gamarde (смирува иритации и црвенило), Цветна вода од Лаванда (смирува, прочистува и омекнува), Етерично масло од Горчлив Портокал (делува антибактериски, смирува и регенерира), Етерично масло од Палмароза (регенерира), Етерично масло од Лаванда (смирува и делува антивоспалително), Масло од Камфор (прочистува).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Lavandula hybrida (Lavandin) flower water*, lauryl glucoside, coco-glucoside, Glycerin, cocamidopropyl betaine, aqua (Water), glyceryl oleate, xanthan gum, decyl glucoside, glyceryl caprylate, dicaprylyl ether, lauryl alcohol, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, geraniol, limonene, linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

10% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1190 952 MKD

Количина

БИОХАБИТ