Крем за миење лице и тело

Хигиена
200 g туба

За сува и атопична кожа.

Крем за миење на лице и тело, нежен и деликатен за кожата. Специјална формула без сапун, со 72% хранливост, го прави идеален и за најсувата и атопична кожа. Со редовната употреба исчезнува чувството на пецкање кое обично се јавува како резултат на сушењето на кожата. Кожата станува поеластична, помека и нахранета. Богатата формула ги спречува иритациите и го намалува црвенилото на кожата.

Без амониум/лаурил сулфат.

Начин на употреба:

На навлажнета кожа, наутро и навечер, нанесете мала количина од овој производ со благи кружни движења. Обилно исплакнете со млака вода.

Активни состојки од 100 % природно потекло:

Термална вода Gamarde (смирува иритации, црвенило), Масло од Арган (храни, антиоксиданс), Алое вера екстракт (омекнува и навлажнува), Хијалуронска киселина од природно потекло (ја враќа еластичноста на кожата), Шеа путер (храни и регенерира), Природен витамин Е (делува против стареење на кожата).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Aqua (Water), Glycerin, Lavandula angustifolia (Lavender) flower water*, Cetearyl alcohol, Sodium cocoamphoacetate, lauryl glucoside, Parfum (Fragrance), Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Glyceryl stearate citrate, Cetearyl glucoside, Xanthan gum, Glyceryl caprylate, Aloe barbadensis leaf extract*, Maltodextrin*, Sodium cocoyl glutamate, Sodium lauryl glucose carboxylate, C14-22 alcohols, C12-20 alkyl glucoside, Sodium hyaluronate, Tocopherol, Citric acid.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

10% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 622 498 MKD

Количина

БИОХАБИТ