Заштитен крем за пеленска регија

Нега на бебиња
100g туба

Благодарение на одличната формула и состојките од органско потекло, овој крем на сосема природен начин ја заштитува кожата од црвенила и иритации, и ги смирува пеленските реакции. Кожата на газето на вашето дете останува заштитена, здрава и хидрирана.

Начин на употреба:

Секогаш кога ги менувате пелените, исчитете го пределот на кожата на пеленската регија, исушете го со тапкање и нанесете тенок слој од смирувачкиот крем за да ја спречите појавата на црвенило на газето. За секојдневна употреба.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Термална вода од Gamarde (смирува иритации и црвенила), Масло од Коноп (храни, богато со омега3 масни киселини, анти-воспалително), Масло од Арган (храни), Цинк оксид (го спречува развојот на бактерии и ја смирува пеленската регија), Шеа путер (богат со провитамин А, витамин Д и Е, штити, храни и омекнува), Етерично масло од Лаванда и Палмароса (смирува, регенерира), Етерично масло од Горчлив Портокал (делува антибактериски).

СОСТОЈКИ: Gamarde aqua (Gamarde Water), Cannabis sativa (Hemp) seed oil*, Zinc oxide [nano], Polyglyceryl-3 polyricinoleate, Cera alba* (Beeswax), Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Tocopherol, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Citral, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

29% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 860 MKD

Количина

БИОХАБИТ