Флуид со заштитен фактор СПФ30

Заштита од сонце
75 ml флакон со пумпа

За лице, тело и чуствителни регии.

Висока заштита од УВБ/УВА

Природна заштита од сите облици на изложување на сонце, особено прилагоден за светла и темна чуствителна кожа. Лесен флуид, со немасна текстура, богат со смирувачки антиоксиданти и хранливи состојки за да се заштити кожата од сончевите зраци. Не остава бели траги и лесно се размачкува. Производот содржи само физички филтри (цинк оксид и титаниум диоксид) кои се минерали во прав и имаат огромно заштитно дејство од УВА и УВБ зраците и делуваат како огледало, односно истите ги одбиваат. Поради комплетно природната формула, овој производ е погоден и за деца. Дерматолошки тестиран, не е фототоксичен.

Начин на употреба:

Се нанесува на лице и тело пред изложување на сонце. Посветете посебно внимание на најосетливите делови (чело, нос, уши, лузни). Одличен е и како подлога за шминка во секојдневната нега и заштита на кожата дури и во зимските денови кога има сонце.

Предупредување: Не се сончајте предолго, особено во период од 11.00 до 16.00 часот. Нанесете го флуидот 20 минути пред да се изложите на сонце, користете го редовно и по секое пливање. Избегнувајте да ги изложувате новороденчињата и мали беца на директна сончева светлина. Прекумерена изложеност на сончева светлина може да предизвика сериозни оштетувања на кожата и вашето здравје. Производот не дава 100% заштита.

Активни состојки од 100% природно потекло:

Масло од Арган, Сусам и Јојоба (храни, негува), Масло од Шеа путер (богато со провитамин А, Омега 6 мас.кис., омекнува, заштитува), Природен витамин Е (против стареење), Цинк оксид и Титаниум диоксид (минерални УВ филтри), Етерично масло од Лаванда и Иланг Иланг (антигабично, смирува).

СОСТОЈКИ: Caprylic/Capric triglyceride, Zinc oxide [nano], Dicaprylyl carbonate, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, Cocoglycerides, Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, Titanium dioxide [nano], Sorbitan olivate, Glyceryl isostearate, Cetearyl alcohol, Polyhydroxystearic acid, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Glyceryl undecylenate, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Lavandula latifolia (Lavender) herb oil*, Cananga odorata (Ylang Ylang) flower oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Tocopherol, Alumina, Cetearyl glucoside, Stearic acid, Hydrogenated castor oil, Parfum (Fragrance), Benzyl benzoate, Benzyl salicylate, Eugenol, Farnesol, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

15% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 1587 MKD

Количина

БИОХАБИТ