Богат сапун за миење на лице и тело

Хигиена
100 g

За сува кожа.

Екстремно богат со арганово масло, идеален за одржување на хигиена на сувата и чувствителна кожа. Нежно ја чисти кожата, ја храни и хидрира и го спречува понатамошното сушење. Сувата и проблематична кожа е повторно мека, еластична и нежна. Одличен е за секојдневна употреба.

Начин на употреба:

На навлажнета кожа, наутро и навечер поминете со сапунот и со благи кружни движења нежно чистете ја кожата. Обилно исплакнете со млака вода.

Активни состојки од природно потекло:

Масло од Арган ( храни и омекнува), Масло од Пченични никулци (ја враќа еластичноста на кожата и против стареење), Масло од Сусам (храни и заштитува), Масло од Јојоба (антивоспалително, регенерира), Шеа путер (храни и обновува), Етерично масло од Горчлив портокал (ревитализира).

СОСТОЈКИ: Sodium palmate*, Sodium cocoate*, Aqua (Water), Glycerin, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, Triticum vulgare (Wheat) germ oil, Tocopherol, Sodium chloride, Tetrasodium glutamate diacetate, CI 77891, Silica, Geraniol, Limonene, Linalool.

* состојки од органско потекло

99% од состојките се од природно потекло

75% од вкупните состојки се од органско потекло

Laboratoires Dermatologiques GamARde-France експерти во областа на дерматологијата создадоа високо ефикасна и сигурна, 100% природна и органска дермокозметика базирана на иновантен микс помеѓу Термална вода од Gamarde les Bains и органското масло од Арган. Благодарение на нејзините заштитувачки, омекнувачки и смирувачки дејства врз кожата, термалната вода  ги намалува и спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја омекнува и ја прави поздрава. Маслото од Арган има неверојатни бенефиции за убавината на кожата и косата, благодарение на големото присуство на Омега 6 масните киселини. Поради извонредната хидратантна и хранлива моќ, анти ејџ ефект и обновувачко дејство, ова масло е идеално за враќање на балансот и еластичноста на кожата и дава чувство на комфор и благосостојба.

Сертифицирана како органска од страна на институцијата за органски сертификат Qualité France, согласно стандардите на COSMEBIO, Laboratoires Dermatologiques Gamarde ви гарантира природна козметика каде состојките од растително потекло доаѓаат од органска култура, која е согласна со нормите и правилата на органското одгледување на растенијата и ја почитува и заштитува околината.Сите производи се се максимално нежни и специјално истражувани за да одговараат дури и на најчувствителната и најнежната кожа на лицето и телото на секој член од Вашето семејство .

  • 325 MKD

Количина

БИОХАБИТ